Домашен мајонез готов за 5 минути
Мајонезот е супер популарна состојка и составен дел од речиси секоја кујна, бидејќи со неговата кремаста текстура и специфичен вкус неверојатно може да збогати многу јадења, а околку новогодишните празници е особено популарен поради руската салата.
Вкупно време30 минути мин
Оброк: Прилог
Кујна: Руска
Клучни зборови: мајонез, домашен мајонез
Порции: 4
- 250 мл сончогледово масло
- 2 јајца
- 1 кафена лажица сенф
- 1 кафена лажица шеќер
- 5 гр сол
- 50 мл оцет
Извадете ги сите состојки од ладилникот, за да отстојат малку на собна температура.
Следно одделете ги белките од жолчките. Додадете ги жолчките во садот на пасаторот и добро измешајте.
Додадете сол, сенф, шеќер и оцет и добро изматете до добивање на густа кремаста смеса. Наместо оцет, по желба, може да додадете 1,5 супена лажица сок од лимон и тоа е сè.