Go Back

Мафини со портокал и ореви

Овој златен рецепт со неверојатен вкус ќе ги претворите сивите студени зимски денови во топло слатко задоволство, со кое дефитивно ќе ги импресионирате вашите гости, а повторно ќе ги освоите вашите најблиски! Еве како лесно да ги приготвите!
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: торта со ореви, мафини, портокал

Состојки

  • 130 гр брашно
  • 2 портокала т.е изренданата кора од нив
  • 1 портокал т.е исцедениот сок од него
  • 130 гр шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 120 гр путер
  • 1 дл кисела павлака
  • 50 гр ситно исечени ореви
  • 1 кафена лажица пециво

Начин на подготовка

  • Изматете ги заедно шеќерот, ванилиниот шеќер и омекнатиот путер. Потоа додадете ги јајцето и киселата павлака и продолжете да матите.
  • Измешајте ги брашното и пецивото и додадете ги во претходната течна смеса. Продолжете да мешате со дрвена лажица.
  • На крај додадете ги оревите, сокот и корите од портокалите, па добро соединете ги сите состојки заедно.
  • Добиената смеса поделете ја подеднакво во калапите за мафини и поставете ги да се печат 20-25 минути во загреана рерна на 180°C.