Go Back

Совршено меки пржени лепчиња

Секој од нас има приготвувано пржени лепчиња за појадок, а речиси и да не постои некој кој не го обожава овој вкусен оброк. Вообичаено ги потопуваме во смеса од јајце и малку кисело млеко, но денес ви ја откриваме тајната на совршено меките пржени лепчиња!
Вкупно време30 мин
Оброк: Појадок
Кујна: Балканска
Клучни зборови: пржени лепчиња
Порции: 4

Состојки

  • 4 јајца
  • 9 парчиња бел леб
  • 200 мл масло за готвење
  • 1 кантичка кисело млеко
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • По вкус сол

Начин на подготовка

  • Измешајте ја содата со киселото млеко, а потоа добиената смеса изматете ја заедно со јајцата. Лесно посолете по ваш вкус. Загрејте масло во тава и секое парче леб потопете го во смесата, а потоа испржете го и од двете страни. На крај поставете ги на хартија да се впие вишокот масло.