Go Back

Најмекото тесто

Денес ви го претставуваме златниот рецепт за најомиленото универзално тесто кое е совршено за било што, а најдоброто од сè е тоа што за неговата подготовка не ви се потребни ниту јајца, ниту млеко!
Вкупно време1 ч 30 мин
Оброк: Прилог
Кујна: италијанска
Клучни зборови: тесто
Порции: 4

Состојки

  • 900-1000 гр брашно
  • 500 мл вода
  • 30 гр свеж квасец или 10 гр сув квасец
  • 50 мл растително масло
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сол

Начин на подготовка

  • Искршете го квасецот, а потоа кон истиот додадете го шеќерот и измешајте со лажица. Налејте ја целата вода, која треба да е топла, но во ниту еден случај врела. Додадете 100 грама од брашното од целото количество и добро измешајте до добивање на смеса без грутки.
  • Покријте го садот со крпа и поставете го да отстои 10-15 минути на топло место, со цел квасецот да се активира. Кога ќе биде готово, додадете растително масло и сол. Додадете го и преостанатото брашно и замесете го тестото. Не го додавајте целото наеднаш.
  • Месете го тестото, додека да започне да се одделува од вашите раце и ѕидовите на садот. Тестото треба да е меко, еластично и не многу тврдо. Преместете го тестото во чист сад, премачкан со масло и покријте го со крпа. Оставете го да отстои 40-50 минути на топло место. За тоа време ќе се зголеми 2-3 пати.
  • По изминатото време, поставете го тестото на работната површина и започнете да го обликувате и приготвувате за било што, по ваш избор!