Go Back

Природно меко сирење

Домашното сирење не остава никого рамнодушен, токму поради фактот што е превкусно, а притоа природно и корисно за нашето здравје. Се приготвува многу лесно, а е совршен прилог за сè!
Вкупно време1 час
Оброк: Прилог
Кујна: италијанска
Клучни зборови: сирење, домашно сирење

Состојки

  • 2 литри домашно млеко
  • 5 супени лажици кисела павлака
  • 4 супени лажици сок од лимон
  • По вкус сол

Начин на подготовка

  • Исипете го млекото во тенџере и поставете го да се вари на среден оган. Во топлото млеко, без да го отстранувате од оганот, додадете ја киселата павлака и добро измешајте.
  • Кога смесата ќе биде врела, но не и зовриена, додадете ги сокот од лимон, солта и додека мешате, доведете ја смесата до вриење. Потоа намалете го оганот на ниска температура и оставете ја смесата така да врие 1 минута.
  • Покријте ја цедалката со газа до половина и исипете ја смесата од тенџерете во истата. Прецедете ја добро, а потоа додадете ја сурутката во соодветен сад.
  • Без да ја отстранувате газата, поставете чинија врз сирењето,а врз чинијата поставете и било што друго. По 1 час сирењето ќе биде готово.
  • Додадете сол кон сурутката, исечете го сирењето на парчиња и поставете го во сад со саламура. Сирењето во саламура може во ладилникот да се складира на неколку дена. Исто така може да додадете и зачини по ваш вкус.