Добро измијте ги тиквичките и ситно изрендајте ги. За оваа цел може да употребите и пасатор.
Следно, ситно исечете ги зачините. Тоа може да биде копар или магдонос, по ваша желба.
Изматете го јајцето со сол со помош на блендер или рачно,со вилушка. Кон добиената смеса, додадете го млекото и добро измешајте. Во истиот сад, додадете го брашното и замесете го тестото.
Добиеното тесто исипете го во садот со тиквичките, додадете го и исечениот магдонос и притоа додадете и 2 супени лажици масло.
Измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса.
Загрејте ја тавата и во истата поставете го тестото со тиквичките. Маслото во тестото ќе биде доволно, при што не е потребно претходно да ја премачкувате тавата.
Кога палачинката ќе добие кафеава боја од едната страна, свртете ја да се испече и другата. Сервирајте со сос од павлака и лук, по ваша желба.