Тиквички полнети со кашкавал и домат
За оваа посна фантазија со тиквички не ви се потребнипремногу состојки, но резултатот едноставно не остава никого рамнодушен! Евекако лесно да ги приготвите уште денес.
Вкупно време45 минути мин
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: полнети тиквички, домати, кашкавал, тиквички
Порции: 4
- Половина кг свежи домати
- 100 гр кашкавал
- 3 чешниња лук
- Малку масло за готвење
- По вкус сол и мелен црн пипер
Измијте ги свежите тиквички, исушете и исечете ги по нивната должина. Исечете ги доматите на тенки кругови и изрендајте го лукот.
Испржете ги тиквичките и од двете страни, во тава со масло за готвење, до нивно добивање на златно-кафеава боја, а потоа поставетеги на хартија за печење.
Горниот дел на секоја од тиквичките премачкајте го со луки нанесете ги круговите домат.
Одозгора посолете ги доматите со сол и мелен црн пипер и додадете го изренданиот кашкавал. Вака приготвените тиквички поставете ги да се печат 25 минути во претходно загреана рерна на 180°C.