Go Back

Тиквички на уникатен начин

Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути!
Вкупно време40 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: кашкавал, тиквички
Порции: 4

Состојки

  • 2-3 тиквички (исечени на полумесечини со дебелина од 1 цм)
  • 1/4 кафена лажица сол
  • 1/3 кафена шолја павлака
  • 3 јајца
  • 1/4 шолја изрендан пармезан
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 кафена лажица сув босилек
  • 1/8 кафена лажица сомелен индиски орев
  • 1/4 кафена лажица свеж мелен пипер
  • 1 и 1/2 шолја изрендан кашкавал
  • 2 супени лажици путер
  • Малку исечен свеж магдонос

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната до температура од 250°C. Земете соодветен сад за печење со дијаметар од 24 цм и истиот премачкајте го со масло за готвење.
  • Додадете ги исечените тиквички во садот и одозгора посолете со сол, добро измешајте и оставете ги на страна да отстојат.
  • Во сад измешајте ги павлаката, јајцата, сирењето, лукот,босилекот, индиското оревче и сомелениот пипер.
  • Додадете половина шолја рендан кашкавал врз тиквичките, апотоа исипете ја претходната готова смеса и на крај поставете парчиња путер врз сосот и тиквичките.
  • Поставете го јадењето да се пече 25 минути во загреаната рерна. Потоа извадете го и додадете го преостанатиот рендан кашкавал. Печете дополнителни 7 до 10 минути или додека кашквалот да добие кафеава боја и тиквичките да омекнат.
  • Извадете од рерна и оставете да отстои 10 минути. Декорирајте со магдонос и сервирајте.
  • Во јадењето може да додадете и пилешко месо по ваша желба, но неопходно е истото претходно да биде сварено и исечено.