Палачинка од мелено месо, 3 јајца и 3 компири
Денес ви предлагаме една фантастична и брза идеја з авечера, па дури и за брз ручек. За истата ви се потребни сосема вообичаени состојки, а нејзиниот вкус ги надминува сите очекувања!
Вкупно време45 минути мин
Оброк: Вечера
Кујна: Мексиканска
Клучни зборови: палачинки, мелено месо
Порции: 4
- 300 гр мелено месо
- 3 компири
- 3 јајца
- По вкус мелен црн пипер и сол
- 2 супени лажици брашно
- Половина глава кромид
- 100 гр кашкавал
- По потреба масло за готвење
- 1 страк копар
Испржете го меленото месо во тава, до негово целосно приготвување. Додадете сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус.
Излупете ги компирите и крупно изрендајте ги. Добро прецедете го сокот од истите, а потоа кон компирите додадете ги изматените јајца и брашното. Посолете по ваша желба и добро измешајте ги состојките заедно.
Потоа исипете тенок слој од добиената смеса во тавата, вооблик на палачинка.
Испржете добро од едната страна, а потоа свртете ја палачинката, за да се испржи и другата страна. Кога палачинката ќе биде готова, без да ја кревате од тавата, нанесете врз истата кечап.
Врз палачинката нанесете го меленото месо, а потоа додадете го и кромидот, претходно исечен на прстени. Нанесете го копарот и изренданиот кашкавал.
Завитакјте ја палачинката и почекајте кашкавалот да се растопи.