Go Back

Колач „Вулкан“

Овој чудесен колач е нешто што едноставно мора да сепроба. Меката основа комбинирана со вкусниот кремаст фил, кој буквално сепрелева кога ќе исече парче, го прават навистина неодолив!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: колач, куглоф
Порции: 4

Состојки

За филот

  • 2 јајца
  • 2 супени лажици шеќер
  • 5 супени лажици пченично нишесте
  • 500 мл пресно млеко
  • 30 гр путер

За тестото

  • 200 гр брашно
  • 2 супени лажици какао
  • 1 кафена лажица пециво
  • 3 јајца
  • 30 гр шеќер
  • 150 мл пресно млеко

Начин на подготовка

За филот

  • Измешајте ги сите состојки, со исклучок на путерот,поставете ги во тенџере на оган и мешајте, додека смесата не се згусти. На крајдодадете го и путерот, почекајте да се растопи и изладете го филот.

За тестото

  • Пресејте го брашното со какаото и пецивото, измешајте гијајцата со шеќерот, а потоа измешајте ги овие две смеси, додадете горастопениот птуер и млекото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Исипете го добиеното тесто во соодветен сад, претходнопремачкан со масло за готвење или покриен со хартија за печење. Одозгорараспоредете го филот во центарот и печете 30-35 минути во загреана рерна на 180°C.
  • Врз готовиот колач полејте кондензирано млеко и нанесетечоколадо или кокос, по желба.