Измијте ги модрите патлиџани, отстранете го стеблото иисечете ги на 2 половини. Посолете ги и оставете ги така да отстојат 30 минути.Потоа, исплакнете ја солта од патлиџаните и нежно истиснете го вишокот на вода.
Премачкајте ги модрите патлиџани со масло за готвење ипоставете ги во рерната да се печат 15-20 минути, на 180°C.
Додека патлиџаните се печат, подгответе го филот.Излушете и ситно исечете го кромидот. Измијте и исчистете ја пиперката одсемиња, а потоа исечете ја на мали коцки. Доматите полејте ги со врела вода,потоа излупете ги и ситно исечете ги.
Задушете ги зеленчуците на 3-5 минути, откако ќе гидодадете доматите и пиперката. Истоврмено, додадете сол и мелен црн пипер поваш вкус. Печете уште 3 минути.
Извадете ги модрите патлиџани од рерна и почекајте малкуда се изладат. Извадете ја нивната средина и истата додадете ја кон задушенитезеленчуци, притоа сето добро измешајте го.
Изрендајте го кашкавалот и исечете го магдоносот.
Наполнете ги модрите патлиџани со смесата од зеленчуци, аодозгора нанесете го кашкавалот и зачините. Поставите ги модрите патлиџани дасе печат 15 минути на 180°C.
За кратко, вкусниот пролетен специјалитет ќе биде готов!