Палачинки на мрзелив начин
Речиси и да не постои човек, од децата до најстарите, коине ги обожаваат палачинките, а следните мрзеливи палачинки се идеален избор засекое време, бидејќи се приготвуваат многу брзо.
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: палачинки
Порции: 4
- 250 мл брашно
- 450 мл млеко
- 2 јајца
- 25 гр путер
- 1 супена лажица шеќер
- По вкус сол
- Тава за печење 20х30 цм
Изматете ги јацата во сад, со малку млеко. (Млекото нетреба да е ладно).
Додадете прстофат сол и шеќер. Оние кои ги обожаваатдесертите, може да додадат повеќе од една лажица. Бавно измешајте го брашното,до добивање на мазно тесто, без грутки.
Следно, добиеното тесто разредете го со преостанатотомлеко, до добивање смеса со густина на павлака.
Покријте го садот со фолија и оставете го да отстои 20минути на собна температура. Во сад за печење поставете хартија и истиотпоставете го во затоплена рерна на одредено време.
Растопете го путерот, додадете го во тестото и повторно добро измешајте. Исипете го добиеното тесто во загреаниот сад за печење.
Поставете го да се пече 20-25 минути во претходнозагреана рерна до 200°C. За тоавреме, тестото ќе се испече и зголеми.
Исечете ја готовата палачинка и сервирајте со состојки поваша желба.