Go Back

Ролати со фил од компир - Индиски алупатри

Ако не сте запознаени со индиската кујна, сега евистинското време! Денес ви претсставуваме рецепт за необично вкусни ролати одкомпир познати како алупатри, кои се приготвуваат многу лесно.
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Индиска
Клучни зборови: компир, ролат, ролати, алупатри
Порции: 4

Состојки

За тестото

  • 100 мл вода
  • Половина кафена лажица сол
  • 200 гр брашно
  • 1 супена лажица растителен путер
  • 1 прстофат куркума

За филот

  • 4 средни компири
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1,5 кафена лажица сол
  • По малку од омилените зачини (магдонос, копар, босилек)
  • 1/4 кафена лажица кари
  • 1/6 кафена лажица сомелен ѓумбир
  • 1,5 кафена лажица сусам

Начин на подготовка

  • Добро измијте ги компирите и сварете го заедно со нивнатакора. Оставете ги да се изладат. Потоа излупете ги и изгмечете ги. Додадете гиисечените зеленчуци, сусамот, солта, шеќерот и зачини по вкус, а потоа доброизмешајте. Филот е готов!
  • Следно, измешајте ги брашното, куркумата, солта, водата ипутерот. Замесете еластично тесто и оставете го да отстои 30 минути. Обликувајтего тестото во тенок слој со дебелина од 3-4 цм и одозгора поставете гоизладениот фил, а потоа притиснете со рацете. Завиткајте го ролатот.
  • Исечете го ролатот на парчиња со дебелина 1,5-2 цм инаредете ги на работна површина, на која претходно е нанесено брашно.
  • Загрејте во тава 1-2 супени лажици масло и испржете гиролатите, до нивно добивање на кафеаво – златна боја.
  • За кратко време, ќе имате еден купи вкусни ролати!