Пита со шунка, кашкавал и кисело млеко
Доколку ви здосадило од традиционалните баници и кифли,денес ви предлагаме да пробате нешто различно за појадок. Овие меки лепчиња сокашкавал и шунка со нивната крцкава кора не оставаат никого рамнодушен.
Вкупно време45 минути мин
Оброк: Појадок
Кујна: Американска
Клучни зборови: пита, пита со кашкавал
- 300 гр брашно (+50 гр за месење)
- 250 гр кашкавал
- 100 гр шунка
- 240 гр кисело млеко
- 60 гр омекнат путер
- 10 гр пециво
- 1 кафена лажица сол
Во соодветен сад пресејте го брашното. Додадете ја солтаи пецивото и добро измешајте ги состојките. Потоа, додадете го путерот (насобна температура) и со рака измешајте го со брашното, до формирање трошки.
Додадете ги и изренаданиот кашкавал и ситно исеченаташунка, притоа сето повторно добро измешајте го. Додадете го киселото млеко изапочнете да го месите тестото со раце. Ќе бидете доста лепливо, но не грижетесе.
На работната површина додадете малку брашно и одозгорапоставете го тестото. Додадете уште малку брашно одозгора и дополнително месетего тестото, до формирање на топка, која нема да се лепи.
Поделете ја на 2 дела, притоа од секој дел формирајтеплосната пита со дебелина од 1 цм. Преместете ги питите во соодветен сад,покриен со хартија за печење и одозгора со нож, поделете ги питите натриаголници.
Премачкајте ги дополнтелно со растопен путер и поставетеги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C, додека не се вцрви нивната кора.