Go Back

Полнети пиперки

Полнетите пиперки се јадење на кое ретко кој може да одолее, особено бидејќи за повеќето тоа е омилен спомен од детството. Денес ви претставуваме една поинаква варијанта од истите, со еднаков богат вкус.
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Македонска
Клучни зборови: полнети пиперки, пиперки
Порции: 4

Состојки

  • 6 пиперки
  • 5 големи моркови
  • 2 глави кромид
  • Половина супена лажица ореви
  • 4 супени лажици кисела павлака
  • 2 чешниња лук
  • 1 страк магдонос
  • 200 гр урда
  • Половина кафена лажица оригано
  • 5 гр бел пипер
  • 200 гр кашкавал

Начин на подготовка

  • Измијте ги пиперките, исечете ги и отстранете ги семињата.Поставете ги вака исечени на половина, во соодветен сад за печење, претходнонамачкан со масло за готвење. Поставете ги пиперките во рерна за 20 минути, на180°C.
  • Во меѓувреме, подгответе го филот. Ситно исечете гокромидот, а морковите крупно изрендајте ги. Запржете ги овие две состојкиодделно.
  • За да го подготвите филот, измешајте ги запржениот кромиди морковите со зачините, урдата, оревите и лукот. Додадете сол и мелен црнпипер по ваша желба. Наместо урда, може да додадете полусварен ориз.
  • Наполнете ги пиперките со овој вкусен фил, а одозгорапремачкајте ги со кисела павлака. Вратете го садот повторно во рерната на 20минути. Неколку минути пред јадењето да биде готово, нанесете мелен црн пипер ирендан кашкавал одозгора.