Полнети компири
Полнетите компири се уникатно и превкусно домашно јадењекое едноставно се топи во уста, а кое притоа лесно може секој да ги приготви,без многу труд до неодоливи резултати!
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: печени компири, полнети компири
Порции: 4
- 5 компири
- 1 супена лажица кисела павлака
- 1 кафена лажица сенф
- 1 голем колбас
- 40 гр кашкавал
- По вкус сув копар, сол и мелен црн пипер
Измијте и исечете ги компирите така што ќе може да стојатна рамна површина. Поставете ги со исечениот дел на хартија за печење,претходно премачкана со масло за готвење и поставете ги во претходно загреанарерна на 180°C.
Исечете ги компирите и од спротивната страна. Со помош накафена лажица, извадете ја нивната средина, но без да го оштетите дното.
Измешајте кисела павлака, сенф, исечен лук, сув копар,сол и мелен црн пипер.
Исечете ги колбасот и кашкавалот на мали парчиња.
Секој од компирите наполнете го најпрво со смесата одкисела павалка, потоа додадете малку кашкавал и колбас и одозгора повторно одпавлаката. Печете ги полнетите компири уште 10 дополнителни минути.
Испечените полни компири треба да се сервираат топли,додека кашкавалот да се растопи. Одозгора може да додадете зачин по ваш вкус.