Во тенџере налејте 250 мл вода, додадете го внатремаслото за готвење и поставете да се вари на среден оган.
Пресејте го брашното и наеднаш исипете го во врелата водасо маслото. Во текот на целото време, мешајте го тестото со шпатула. Кога ќе добиете топка од тестот, која лесно се одделува од ѕидовите на садот,отстранете го истиот од оганот.
Откако тестото лесно ќе се излади, започнете да гидодавате јајцата едно по едно, притоа секое мешајќи го со шпатулата, додекацелосно не се соедини со тестото. Готовата смеса додадете ја во готварскишприц.
Во длабоко тенџере додадете масло за готвење, загрејте гои со шрпицот во врелото масло, формирајте ги тулумбите. Истите не треба да седопираат една со друга.
Испржете ги тулумбите и од двете страни, до добивање назлатна боја. Откако ќе бидат готови, преместете ги на хартија за да гоотстраните вишокот на масло.