Во сад измешајте ги пресеаното брашно, пецивото и какаото во прав. Одделете ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги со прстофат сол, до добивање на тврда пена. Исипете го и шеќерот, додека е намалена брзината на миксерот, а потоа додадете ги и жолчките. Продолжете да матите, додавајќи ја сувата смеса на делови.
Исипете го добиеното тесто врз хартија за печење, во соодветен сад, со размери околу 20 х 30 цм. Печете ја тортата 40 минути, на температура од 170°C.
Пригответе го млечниот пудинг според упатството на амбалажата. Изладете и додадете го на делови кон путерот, омекнат на собна температура. Додадете 300 гр ситно исечена алва кон филот и добро измешајте.
Исечете го пандишпанот на 3 еднакви делови. Секоја кора премачкајте ја со фил, а откако ќе ги склопите сите пандишпани, одозгора повторно премачкајте со фил и нанесете од алвата.