Арапски десерт
Ако сакате да пробате нешто сосема ново и со чудесен вкус, тогаш денес одделете време за овој величествен арапски десерт, кој се приготвува многу лесно, а на истиот ретко кој може да му одолее!
Вкупно време1 час ч 30 минути мин
Оброк: Десерт
Кујна: арапска
Клучни зборови: диетален колач, арапски десерт, бадеми
Порции: 4
- 260 гр шеќер
- 1 супена лажица нишесте
- 4 јајца
- 2 кафени лажици пециво
- 4 супени лажици гриз
- 1 супена лажица масло за готвење
- 6 шолји пресно млеко
- 1 кафена лажица ванилин шеќер
- 70 гр бадеми
За тесто
Веднаш вклучете ја рерната на 180°C, за да се загрее. Изматете ги јајцата во длабок сад,
притоа кон истите додадете 3 супени лажици шеќер и матете со миксерот 5 минути, до добивање на лесна соединета смеса.
Следно, додадете гриз и 4 супени лажици брашно и измешајте ги состојките со помош на шпатула, движејќи ја истата нагоре и надолу.
Добиеното тесто додадете го сад, кој претходно е непходно да биде премачкан со путер. Поставете го тестото да се пече 25 минути во рерна, додека десертот да добие златна боја.
За шербет
За ова време подгответе го шербетот. Исипете 1 шолја млеко во тенџере, додадете 110 гр обичен шеќер и целата ванила. Поставете ги на оган и добро измешајте ја смесата. Потоа исипете уште 2 шолји студено млеко, измешајте и полејте го десертот со готовиот шербет.
За фил
Сега пригответе го филот. Во голем сад исипете 2 супени лажици брашно, нишесте, додадете 1 шолја студено млеко и измешајте до добивање една соединета смеса, без грутки.
Останатите 2 шолји млеко сварете ги со 3 супени лажици шеќер, прстофат ванила и 1 супена лажица путер. Неопходно е сместа да стане густа.
Полејте го десертот со врелиот фил, штом ќе го апсорбира шербетот. Во сува тава потпечете ги бадемите до добивање кафеава боја и на крај нанесете ги врз десертот.
Поставете го десертот на неколку часа во ладилникот, откако ќе го покриете со фолија.