Go Back

Колач со мандарини

Овој уникатен зимски рецепт дефинитивно вреди да се проба! Ќе одземе само неколку минути од вашето време, а притоа истиот важи за еден од највкусните десерти со мандарини, што ќе ги воодушеви обожавателите на ова кралско овошје!
Вкупно време30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: колач со мандарини, мандарини
Порции: 4

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 кафена шолја пресно млеко
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја масло / растопен путер
  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • 1 ќесичка пециво
  • 2,5 шолји брашно
  • 1 ќесичка ванила
  • Половина кг мандарини

Начин на подготовка

  • Излупете ги мандарините и исечете ги на половина.
  • Покријте го садот со хартија за печење и нанесете шеќер, а одозгора потоа наредете ги мандарините.
  • Изматете ги јајцата со шеќерот до добивање хомогена смеса, а потоа додадете ги пресното и киселото млеко и маслото. На крај додадете ја ванилата. Измешајте го брашното со пецивото, пресејте и исипете го во тестото и добро измешајте.
  • Добиеното тесто додадете го врз мандарините и поставете го колачот да се пече на 180°C додека да добие златна боја.
  • Пред сервирањето, свртете го колачот наопаку.