Go Back

Чоколаден мус со портокал

Овој мус од чоколадо може да се користи како крем за колачи, но најдобриот начин да уживате во овој неодолив десерт е едноставно да го послужите во чаша. Еве кои лесни состојки ви се потребно за да добиете совршено пенливо уживање.
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: чоколаден мус, мус, чоколаден крем, портокал
Порции: 4

Состојки

  • 120 гр темно чоколадо
  • 2 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 30 гр путер
  • 4 супени лажици шеќер
  • Половина супена лажица ситно исечена кора од портокал

Начин на подготовка

  • Растопете го чоколадото со путерот и оставете ја смесата малку да се излади. Следно, одвоете ги белките од жолчките и притоа белките изматете ги заедно со прстофат сол, користејќи мискер, до добивање цврста пенеста смеса. Потоа кон добиената смеса додадете и 2 лажици шеќер.
  • Изматете ги жолчките со 2 лажици шеќер и поставете ги да се готват на пареа, притоа мешајќи неколку минути. Следно, додадете ги во растопеното чоколадо. Во чоколадото лесно изматете ја црстата смеса од белките и на крај додадете го и портокалот.
  • Сервирајте го десертот во чаши и поставете го да се излади во ладилникот.