Изгемечете ги сварените компири, додадете го нишестето, изренданиот пармезан, мелениот црн пипер, изматеното јајце и млекото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
Земете најлонски готварски шприц и истиот наполнете го со добиената смеса. Потребно е отворот на шприцот да биде со дијаметар од околу 1,5 цм. Пробно, семете хартија за печење и врз истата со шприцот обидете се лесно да направете една спирала.
Пробно, семете хартија за печење и врз истата со шприцот обидете се лесно да направете една спирала.
Потоа во загреано масло во тава, директно направете ги преостанатите спирали од компир. Ако спиралите ја изгубат нивната форма, потребно е следниот пат да додадете повеќе нишесте во тестото.
Неопходно е да има растојание меѓу спиралите бидејќи во текот на пржењето ќе се зголемат. Пржете и од двете страни.
Премесете ги готовите спирали врз решетка, за да се исцеди вишокот на масло.
На крај сервирајте ги спиралите и зачинете ги со зачини по ваша желба.