Go Back

„Гнезда“ од мелено месо со кашкавал

Ако ги обожавате јадењата со мелено месо, тогаш следниот рецепт за вкусни „гнезда“ од мелено месо со кашкавал дефинтивно ќе ве заинтригираат! Извонреден специјалитет како да ги изненадите најблиските и да ги воодушевите гостите!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: кашкавал, ќофтиња, мелено месо
Порции: 4

Состојки

  • 800 гр мелено свинско месо
  • 200 гр мелено пилешко месо
  • 1 кромид
  • 200 мл пресно млеко
  • 70 гр леб
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 150 гр кашкавал
  • По вкус копар

Начин на подготовка

  • Измешајте ги свинското и пилешкото мелено месо, а потоа додадете го и исечениот кромид. Потопете го лебот во 100 мл млеко, следно прецедете го, а потоа додадете го во меленото месо.
  • Исипете го преостанатото млеко во месото и додадете сол и мелен црн пипер по ваш вкус. Оформете прво топчиња од меленото месо со големина на јаболко, а потоа направете вдлабнатина, со цел да формирате гнезда. Поставете ги врз претходно премачкан сад.
  • Изрендајте го кашкавалот, измешајте го со киселата павлака, јајцата и истолчениот копар. Распоредете го филот врз гнездата и така поставете ги истите да се печат 25-30 минути во загреана рерна на 200°C.