Go Back

Диетален јаболков колач

Сите, особено дамите секогаш сакаат да каснат нешто вкусно, но стравот од наталожувањето на вишокот килограми често ги тера да се откажат од десертите. Токму за оваа цел, денес ви откриваме златен рецепт за диетален колач во кој може да уживате безгрижно!
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Порции: 4

Состојки

  • 120 гр путер
  • 160 гр шеќер или засладувач
  • 1 прстофат сол
  • 3 јајца
  • 100 гр пченично или кокосово брашно
  • 150 гр овесни снегулки
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1 кафена лажица цимет
  • 4 јаболка
  • 1 лимон

Начин на подготовка

  • Измешајте го омекнатиот путер со шеќерот и солта. Матете со миксер 5 минути. Додадете ги јајцата едно по едно, до добивање на соединета лесна паста.
  • Кон пресеаното брашно, додадете ги овесните снегулки, пецивото и циметот. Добиената смеса измешајте ја со претходната течна смеса, притоа додавајќи ја во неколку етапи и мешајќи со шпатула, до добивање на меко тесто.
  • Излупете ги и исечете ги јаболката на мали коцки. Нанесете врз нив малку сок од лимон. Изрендајте ја кората од лимонот и додадете ја во тестото. Во тестото додадете ги и јаболката и добро измешајте го сето заедно.
  • Премачкајте сад (со 26цм големина) со путер, додадете го тестото и порамнете. Поставете го колачот да се пече 45-50 минути во загреана рерна на 180°C.