Земете половина шолја од најобичното кисело млеко со 2,5%масленост и кон истото додадете 3 кафени лажици растворено кафе и така добро измешајте ги состојките.
Важно: Млекото не треба да биде студено, а кафето треба да се раствори во него. Измешајте и оставете да отстои 20 минути.
Јајцата исто така треба да се на собна температура. Истите изматете ги до добивање на бујна пена. Потоа додадете го шеќерот иматете 3 минути со максимална брзина на миксерот, со цел да се раствори шеќерот, а потоа додадете го омекнатиот путер.
Потоа додадете го киселото млеко со раствореното кафе вонего и измешајте ги сите состојки заедно. Додадете го и брашното и повторно измешајте до добивање соединета смеса. Мешајте со миксер. Измешајте ја содата со малку оцет и додадете ја кон тестото со мешање.
Додадете го тестото во сад прекриен со хартија за печење или премачкан со масло за готвење и поставете го да се пече 50-60 минути на 160-170°C, до негово целосно приготвување.
Откако пандишпанот ќе биде готов, оставете го да се излади, а во меѓувреме пригответе го филот.
Земете 1 кафена лажица растворливо кафе, додадете кисела павлака, исто така на собна температура и 3-4 супени лажици шеќер (може и шеќер во прав).
Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ја смесата да отстои така, до целосно растворање на гранулите кафе.
По половина час, исечете го пандишпанот на два дела.Премачкајте го секој дел со фил, почекајте 15 минути, за да се впие првиот слој од филот, а потоа нанесете и втор слој. Потоа соединете ги двата дела и премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.
Одозгора декорирајте со изрендано чоколадо, а може да нанесете и јаткасти плодови или суво овошје. Оставете ја тортата да отстои неколку часа или преку целата ноќ.