Go Back

Француски крем со раскошен вкус

На овој француски крем ретко кој може да му одолее, афактот што се прави многу брзо, е уште еден негов огромен вкусен плус! Совршенза љубителите на десертите!
Вкупно време40 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: крем бруле, домашен крем
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 400 гр пресно млеко
  • 4 лажици нишесте
  • Половина шолја шеќер

Начин на подготовка

  • Најпрво измешајте го нишестето заедно со половината одшеќерот. Потоа додадете ги и двете јајца и добро измешајте, до добивање насмеса без грутки.
  • Преостанатиот дел од шеќерот исипете го во тенџере идодадете го и млекото. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа врелото млеко бавноисипете и изматете го во смесата со нишестето.
  • Потоа добиената смеса вратете ја назад во тенџерето иоставете ја да врие на тивок оган. Неопходни се само неколку минути, додекакремот не се згусти.
  • На крај, кога истиот ќе биде готов, поделете го вонеколку чинии и оставете го да се излади