Go Back

Колач од јагоди

Овој десерт од јагоди буквално нè тера да полудиме од неговата неодолива арома, а завкусот едноставно можеме да кажеме дека е величествен! Може да го консумирате,па дури и ако ја држите најстрогата диета!
Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Италијански
Клучни зборови: диетален колач, колач, јагоди, колач од јагоди

Состојки

  • 50 гр путер
  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажица сода бикаробна
  • 170 гр шеќер
  • 1,5 шолји брашно
  • 1 прстофат сол
  • 300 гр јагоди

Начин на подготовка

  • Најпрво растопете го путерот. Следно, изматете ги јајцата во длабок сад, додадете прстофат сол и повторно измешајте, до добивање на смеса со значително поголем обем.
  • Потоа, додадете го и шеќерот и продолжете со матење уште 5 минути. Исипете ги киселото млеко и изладениот путер и изматете ја повторно смесата, со најниска брзина на миксерот.
  • Следно, пресејте го брашното, додадете ја содата и изматете го тестото со миксер, до добивање на соединета мазна смеса.
  • Конзистенцијата на тестото треба да наликува на густа кисела павлака. Во сад, претходно премачкан со путер, наредете ги јагодите на дното (претходно исчистени и измиени).
  • Одозгора рамномерно распределете го тестото врз јагодите и поставете го колачот да се пече околу 1 час во претходно загреана рерна на 180°C. Не заборавајте со дрвено стапче или чепкалка за заби да проверите колку колачот е готов.
  • На крај, извадете го од рерна, свртете го и сервирајте го со топка сладолед или слатка павлака.