Потпечени лепчиња со лук и кашкавал
Ова не се само обични лепчиња со кашквал, туку лепчиња соневеројатен вкус кој се должи на превкусната смеса со која се премачкани. Сеподготвуваат многу брзо, а за совршен додаток кон сите јадења.
Вкупно време20 минути мин
Оброк: закуска
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, потпечени лепчиња
Порции: 4
- 1 багет (француски леб)
- 100 гр кашкавал
- 2-3 чешниња лук
- 100 гр путер
- По ваш вкус зелени зачини
Исечете го багетот на кругови.
Претходно извадете го путерот од ладилникот, за да омекнеубаво, а потоа додадете го во садот.
Кога путерот ќе омекне, додадете 2-3 чешниња лук, претходноситно исечени или изгмечени. Воедно додадете ги и исто исечените зелени зачинии ситно изренданиот кашкавал. Добро измешајте ги состојките.
Секое парче леб премачкајте го со добиената смеса сокашкавал и поставете ги во сад за печење.
Вклучете ја рерната да се загрее на 200°C, а потоа поставете ги лепчињата да се печат на 5-7минути.