Go Back

Чоколаден ролат

Нема ништо подобро од вкусен изладен десерт во топлите денови кои ни доаѓаат, а овој бисквитен ролат, кој е исклучително лесен за правење, е идеален избор со величествен сладок вкус!
Вкупно време5 часа
Оброк: Десерт
Кујна: француски
Клучни зборови: ролат, чоколаден ролат
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр бисквити
  • 110 мл пресно млеко
  • 50 гр темно чоколадо
  • 100 гр путер
  • 200 гр маскарпоне
  • 110 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос

Начин на подготовка

  • Искршете или сомелете ги бисквитите и полејте ги со 80 млпресно млеко. Растопете го чоколадото на водена пареа и измешајте го собиксвитното тесто.
  • Во длабок сад, добро измешајте ги путерот, шеќерот воправ, маскарпонето и преостанатото количество на пресно млеко, до добивање наедна соединета смеса. Додадете кокос (одделете малку за декорацијата) иповторно измешајте ја смесата.
  • Во соодветен сад, поставете хартија за печење и воистиот, исипете го бисквитното тесто. Со раце или лажица оформете го тестото,кое треба да биде еднакво насекаде во однос на дебелината.
  • Премачкајте го со фил и внимателно завиткајте го ролатот,заедно со хартијата. Поставете го во ладилникот на 5 часа, за да добро сезатегне.
  • На крај, извадете го од ладилникот, отстранете ја хартијатаи по желба, декорирајте го ролатот со кокос.