Go Back

Чоколаден чизкејк без печење

Чизкејкот не спаѓа во најомилените рецепти за приготвување, бидејќи се смета за посложен рецепт, но не и нашиот денешен чоколаден десерт! Еве како лесно да ги израдувате вашите најблиски уште денес со истиот!
Вкупно време5 часа
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чизкејк, чоколаден чизкејк
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр какао бисквити
  • 100 гр путер
  • 400 гр крем сирење
  • 150 гр шеќер во прав
  • 400 гр млечно чоколадо
  • 200 мл павлака

Начин на подготовка

  • Сомелете ги бисквитите. Следно, растопете го путерот идодадете го кон бисквитите. Поставете ја добиената смеса на дното на соодветенсад и истиот складирајте го во ладилникот на половина час.
  • Растопете 250 гр чоколадо. Изматете го сирењето, а потоакон истото додадете ги шеќерот и чоколадото. Одделно изматете 100 мл павлака идодадете ја кон претходната смеса, а потоа сето додадете го врз бисквитнототесто.
  • За глазурата растопете го преостанатото чоколадо и измешајте го со 100мл павлака.
  • Покријте го чизкејкот со глазурата и поставете го воладилникот на 4 часа, за да се излади. Пред неговото сервирање, може да годекорирате со какао и чоколадо.