Go Back

Турска манџа на мрзелив начин

Можеби досега не сте слушнале за „менемен“, но неговиот вкус дефинитивно нема да го заборавите, токму поради неговиот чудесен состав. Станува збор за лесен турски специјалитет, а еве како да го приготвите.
Вкупно време30 минути
Кујна: Турска
Клучни зборови: манџа
Порции: 4

Состојки

  • 2 зелени пиперки
  • 2 црвени пиперки
  • 1 или 1/2 глава кромид
  • 4 јајца
  • 4 домати
  • 100 гр зејтин
  • Неколку страка магдонос
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Најпрво, крупно исечете го кромидот и поставете го во тавата со зејтин да се пржи. Лесно посолете го и додадете прстофат мелен црн пипер. Крупно исечете ги и пиперките и додадете ги кон кромидот во тавата.
  • Земете 2 од 4-те домати, исечете ги на коцки и исто така додадете ги кон кромидот и пиперките, а останатите 2 домати крупно исечете ги и оставете ги за крај, кога сето добро ќе се приготви и ќе омекне.
  • Пред вторите домати да омекнат, одозгора додадете ги и јајцата, а потоа додадете и мелен црн пипер и сол. Тавата се покрива со капак и се остава така околу 5 минути на средна температура.
  • На крај, врз готовото јадење се додава свеж и ситно исечкан магдонос.