Go Back

Посен колач со ореви и домашно слатко

До Велигден останува уште помалку од еден месец, што го прави овој неверојатен десерт идеален за оние кои го почитуваат постењето, но сепак имаат огромна желба да каснат нешто слатко.
Вкупно време30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: торта со ореви, посен колач, колач со ореви
Порции: 4

Состојки

  • 400 гр домашно слатко по избор
  • 1 кафена шолја студена вода
  • Половина кафена шолја масло за готвење
  • 3 кафени шолји брашно
  • 2 кафени лажици сода бикарбона
  • По желба ореви

Начин на подготовка

  • Изматете го слаткото со 1 кафена шолја студена вода, додадете ги маслото за готвење и брашното со содата. Добро измешајте ги состојките до добивање на хомогена смеса.
  • Следно, додадете ги и исечените ореви.
  • Исипете го тестото во сад за печење, кој претходно сте го премачкале со масло за готвење и брашно и поставете го да се пече на температура од 180°C. Внимавајте колачот да не изгори.