Go Back

Чоколаден колач

Овој чоколаден колач со неверојатен вкус, се топи во уста како шеќерен памук. Воедно неговата лесна подготовка го прави уште дополнително неодолив, а еве како може да го приготвите уште денес.
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чоколаден колач
Порции: 4

Состојки

За пандишпанот

  • 400 гр брашно
  • 250 гр путер
  • 4 супени лажици какао
  • 100 гр шеќер

За филот

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр кисело млеко
  • 500 гр урда
  • 2 ванили

Начин на подготовка

  • Најпрво ги земаме состојките кои се неопходни за пандишпанот, ги додаваме во еден длабок сад и добро мешаме. Путерот е потребно да биде на собна температура.
  • Одделно од оваа смеса, во блендер или со пасатор, ги мешаме состојките наменети за филот, до добивање на соединета смеса.
  • Потоа, земаме сад со дно кое може да се одделува. Ја премачкуваме неговата површина и нанесуваме од трошките од какао, односно од смесата за пандишпанот, следно одозгора од смесата за филот и на крај повторно од првата смеса.
  • Го поставуваме колачот да се пече 50 минути, на температура не повеќе од 180°C.
    Пред сервирање, почекајте десертот да се излади.