Излупете ги комприте, исечете ги и сварете ги во посоченото количество воа, до нивно целосно омекнување.
Од готовите компири подгответе пире. Но, не ја излевајте водата, бидејќи смесата треба да биде доста течна, слично како тесто за палачинки. Одржувајте ја топлината на компирите.
Сега започнете со подготовка на тестото. Кон смесата од компири, додадете ги солта, шеќерот, квасецот, дел од растителното масло и 2 шолји брашно. Откако сето добро ќе биде измешано, покријте, покријте со капак и оставете го тестото да отстои половина час. Не е потребно садот да го преместувате на друго место, неопходно е да биде на собна температура.
По 30 минути, исипете го останатиот дел од растителното масло. Потоа, откако постепено мешате, додадете го преостанатиот дел од брашното.
Најпрво, мешајте го брашното со шпатула, а потоапреместете го на работната површина и замесете го со рака. Истото треба да стане меко и нежно.
Премачкајте го садот со растително масло и преместете го готвото тесто во истиот. Оставете го одредено време да отстои, за да го зголеми двојно неговиот волумен.
Од готовото тесто, може да приготвите кифлички, крофни и било што по ваша желба.