Go Back

Диетални колачи

Доколку сте обожавател на здравиот начин на исхрана и внимавате на вашата фигура, но пак, го обожавате и благото, тогаш  ова е совршениот рецепт за вас.
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: кисело млеко, диетални колачи, овесни снегулки

Состојки

  • 300 гр овесни снегулки
  • 300 мл кисело млеко
  • 2 супени лажици суво грозје
  • 2 јаболка
  • 1 супена лажица мед
  • По вкус цимет

Начин на подготовка

  • Измешајте ги овесните снегулки со киселото млеко. Додадете уште кисело млеко, но регулирајте го количеството, за да не добиете премногу течна смеса.
  • Оставете ја добиената смеса да отстои 30 минути. Следно, додадете ги изренданите јаболка (од послатките сорти), сувото грозје, циметот и медот.
  • Оформете ги колачите од целата оваа смеса, со мокри раце и потоа поставете ги на хартија за печење, во соодветен сад.
  • Поставете ги колачите да се печат 20-30 минути во претходно загреана рерна на 200°C.