Go Back

Пица и баница во едно

И покрај фактот што оваа баница се разликува од останатите по нејзиниот надворешен вид и по начинот на подготовка, нејзиниот рецепт доаѓа од Италија, па затоа некои уште ја нарекуваат и пица.
Вкупно време2 часа
Оброк: Breakfast
Кујна: Italian
Клучни зборови: пица, кашкавал, баница, шунка
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр пченично брашно
  • 240 мл вода
  • 8 гр квасец
  • 1 супена лажица шеќер
  • 4 супени лажици масло за готвење
  • По вкус сол
  • По вкус мајчина душица
  • 350 гр домати во сопствен сок
  • 200 гр шунка
  • 250 гр кашкавал
  • 400 гр лиснато тесто
  • 1 жолчка

Начин на подготовка

  • Растворете го квасецот во малку топла вода со шеќер. Оставете да отстои 10 минути.
  • Пресејте го брашното и додадете сол и масло за готвење. Исипете го тестото и преостанатата топла вода.
  • Замесете го истото и покријте го садот со фолија, оставајќи го да отстои 1 час. Целиот овој процес може да го прескокнете доколку купите готово тесто.
  • Обликувајте го тестото според големината на садот за печење и поставете го врз премачкана со масло површина. Така оставете го половина час.
  • Со доматниот сос, премачкајте го тестото, додадете малку сол и сува мајчина душица и истите добро распоредете ги по површината на тестото. Одзогoра додадете ги шунката и кашкавалот.
  • Одмрзнете го лиснатото тесто и додадете го одозгора врз баницата, раководејќи се според нејзината големина. Покријте го филот со тестото, а одзогра премачкајте го со жолчка.
  • Печете на 200°C, најпрво на горната полица 20 минути, а потоа на
    средната полица дополнителни 15 минути,
  • Совет: Откако ќе ја извадите баницата од рерна, покријте ја со памучна крпа на 10-15 минути.