Без разлика дали се на тркала или цврсто заземјени, куќите од 45 квадратни метри или помалку стануваат сè попопуларни во последните неколку години.

Популарноста на куќите што доаѓаат во делови и се нарачуваат од онлајн продавници почна да расте по кризата во 2007 година. Голем број на луѓе сакаа ефтино решение за дом, а некои од нив сакаа живеалниште во природа, па овие монтажни куќи беа идеално решение.

Може да се купат преку интернет, на пример на „Амазон“, а по доставата на делови, се што вие треба да направите е да ја составите. За да може се да работи како што треба и да нема несреќи, подобро е да им ја препуштите инсталацијата на струја и другите детали на професионалците.

Помали „колиби“ на Амазон може да се најдат дури за 1700 евра, а малку поголеми куќи за 4000 евра.

Два до три дена, наводно, се доволни за едно лице да состави некој од помалите модели.