По прекрасните креации кои ги покажа за време на официјалната посета во Ирска, сега по повод одбележувањето на 25-годишнината на хуманитарната организација Place2Be, Кејт ги воодушеви сите со нејзиниот фустан!

Настанот се одржа во Бакингамската палата, а за таа цел, шармантната војвотка избра да носи неверојатно елегантен фустан во кралска сина боја, во кој изгледаше и повеќе од волшебно, притоа повторно докажувајќи дека е достојна да биде идна кралица на Велика Британија.

Погледнете како изгледаше Кејт во извонредниот дизајн, со кој ги воодушеви сите присутни гости: