За време на карантинот луѓето се најчесто се чувствуваат фрустрирано и параноично и долго размислуваат за ситуацијата, како и за нивната иднина. Пандемијата го ограничи контактот со најбликсите, а најголеми последици од ова го почувствуваа партнерите во врските.

Бидејќи можеби биле разделени подолго време, врската на следните 3 хороскопски знаци полека станува здодевна, што по новата година, астролозите им предвидуваат и раскинување, без разлика дали станува за долга или кратка врска. Еве кои се тие:

1. Овен

Овните се вистински екстроверти кои ја сакаат независноста, па затоа и карантинoт им падна тешко. Тие се чувствуваат заглавени дома бидејќи им е забранета слободата. По овој период, тие би можеле да станат импулсивни, а таквото однесување може да доведе до кавги и прекини со партнерите.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Близнаци

На Близнаците им здосадува брзо и постојано копнеат по нови познанства и искуства. Многу е веројатно дека по завршувањето на пандемијата, тие ќе сакаат да започнат нови авантури.

3. Водолија

Луѓето родени во овој знак ја ценат слободата и се чувствуваат заробени во карантин. Откако ова ќе заврши, Водолијата ќе избега од сите видови на одговорности и ограничувања и ќе сака да истражува нови работи во животот. За да го постигне ова, таа најверојатно ќе го остави својот партнер и ќе тргне во потрага по нова убов.