Замислете го Рудолф со сјаен нос и блескави рогови. На ваква глетка ќе наидете ако некогаш патувате во Рованиеми, вo Лепленд, најсеверниот регион во Финска.

Но, колку и чудно да звучи, овие сјајни соработници на Дедо Мраз, не само што го прават Божиќ магичен, туку со своите светлечки рогови, тие веќе спасуваат животи.

Оваа снежна област, што уште ја нарекуваат и домот на Дедо Мраз, е често прекриена со многу снег и на патиштата покрај снег, ќе сретнете бројни стада од елени кои живееат таму. Проблемот се состои во тоа што кога ќе ги сретнете елените додека возите автомобил, некој од вас ќе биде повреден.

Со статистичките податоци, кои бројат 11 несреќни во однос на 1 елен, финските власти во Лепленд се најдоа пред огромен проблем кој мораа да го решат итно. Во несреќните, во кои инволвирани беа и возачи и елени, често резултатот на повреди беше обостран.

Водејќи се од негативните резултати, Ен Олила, директорката на финската Асоцијација за заштита на елените, која воедно и самата е одгледувач на истите, донесе одлука значајна за сите. Ен смисли план да се бојадисаат односно прскаат роговите, дел од крзното и кожата на елените во луминисцентна боја што ќе се рефлектира на патиштата и на овој начин тие во темницата ќе можат да се издвојат, а притоа возачите лесно и веднаш ќе ги забележат.

Нејзината идеја успешно го помина тестот и благодарение на Ен, состојбата и безбедноста на патиштата значително се подобри, а бројот на несреќите предизвикани од ненавременото забележување на елените, видливо опадна.