За денес ви претставуваме мрзелива варијанта на популарниот италијански десерт. Сето се приготвува многу брзо и лесно, а со сигурно крајниот резултат ќе биде неверојатно вкусен!

Претходно подгответе ги потребните состојки, за да приготвувањето на десертот не ви одземе дополнително време, односно веднаш да го направите.

Доколку планирате десертот да го сервирате и на деца, тогаш заменете го кафето во рецептот, со какао или чоколадно млеко. Доколку пак, десертот го подготвувате само за возрасните, тогаш кон кафето додадете и 1-2 супени лажици рум или коњак или ликер по ваш вкус.

Вкусно мрзеливо тирамису

Потребни состојки

  • 1-2 супени лажици рум
  • 1 пакуваење кори за торта или бисквити
  • 250 гр маскарпоне (Прочитајте како да приготвите домашно маскарпоне од 2 состојки)
  • 450 гр сладолед
  • 4 супени лажици какао во прав
  • 80 мл кафе

Начин на подготовка

Измешајте го маскарпонето со стопениот сладолед. Одделете половина од добиената смеса и измешајте ја истата со 2 супени лажици какао во прав.

Користејќи ја чашата во која ќе го сервирате десертот, исечете 8 круга од корите за торта, така што ќе има по 2 круга за секоја 1 чаша. Секој од добиените кругови потопете ги во кафето.

Првиот круг поставете го на дното на чашата. Потоа одозгора премачкајте со 1.5 супена лажица од белиот крем, а потоа 1.5 лажица од кафеавиот крем. Повторете го редењето на слоевите.

Притиснете т.е покријте ги чашите со фолија и поставете ги во ладилникот да отстојат 3-4 часа. Пред сервирање, врз десертот одзгора нанесете од преостанатото какао.

Пријатен апетит!