Вкусно, едноставно, лесно и готово за 20 минути. Зарем има подобра опција за претстојниот викенд?

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • 150 мл млеко
  • 75 мл масло
  • 250 гр брашно
  • ½ прашок за пециво
  • 1 кафена лажица сол
  • 75 гр ајвар
  • 75 гр сирење
  • Варени јајца

Начин на подготовка

Изматете ги јајцата, а потоа додадете го млекото, маслото и сол по желба. Измешајте го брашното заедно со пецивото, а потоа доадете го во првата смеса. На крај во добиената смеса додадете ги ајварот и сирењето и мешајте се додека сите состојки не се соединатат во една мазна текстура.

Во калап за мафини, на површината нанесете путер во секој дел и ставете по малку од смесата. Потоа во секој дел, ставете по едно јајце. Ако јајцето е малку поголемо, тогаш пресечете на половина.

Печете во загреана рерна на температура од 200°C, во времетраење од 20 минути.