Тој денес е познат како еден од последните “преживеани” ѕвезди од Златната ера во филмската индустрија.

Станува збор за легендарниот американски актер Кирк Даглас!

Вистинска Холивудска икона, 102-годишниот актер во Петокот бил фотографиран како се одмара во шатор, поставен во неговиот двор.

Неговиот внук, 40-годишниот Камерон ја сподели фотографијата на неговиот Инстаграм профил и напиша:

“Овој прекрасен човек, мојот дедо, тој е вистинска инспирација на толку многу начини! Кампува на 102 години!”

Кирк Даглас, кој трипати беше номиниран за Оскар, во Декември, минатата година наполни 102 години.

Неговиот роденден го прослави со неговото големо семејство, вклучувајќи го неговиот син, кој исто така е легендрен актер, Мајкл Даглас и неговата сопруга, една од најубавите Холивудски актерки, Кетрин Зита Џоунс.

Актерката по повод неговиот роденден, на социјалните мрежи објави емотивна роденденска честитка, во која пишуваше: “Среќен роденден на најпрекрасниот човек! Те сакаме Кирк”

A неговиот син Мајкл, во неодамнешно интервју за списанието People откри дека неговиот татко се уште го обожава спортот и активностите во природа.

“Постојано ме победува во игрите, а особено и во кладбите. Последен пат изгубив 100 долари кога се кладев на Џетс!”