„Слушнав на работата зборуваа за една диета со странско име и не ја сфаќав сериозно, се додека еден ден не го видов колегата кој за многу кратко време, изгуби многу килограми.“

Диеталното мени пријатно ќе ве изненади со разнообразноста. Производите се многу едноставни и веќе познати, а притоа ќе немате потреба од гладување. За една недела можете да изгубите 5 килограми, за 2 недели од 8 до 12 килограми, без да го надразните организамот и без да се чувствувате несреќно.

Атомска диета

Програмата на диетата е разработена од швајцарски диетолози, а нејзиното име Атомска е потекнува од самиот факт што преку диетата секој ден се топат непотребните масни наслаги.

За време на протеинските денови, дозволено е да јадете само протеини. Тие во организамот се прилагодуваат за подолг временски период, при што телото најпрво треба да извлече енергија од гликогенот во црниот дроб, а потоа и од мастните клетки.

Деновите наменети за јагледхидрати, се сметаат за период кога започнува разградувањето на мастите и веќе метаболизамот се забрзува.

Правила и принципи

Швајцарската Атомска диета ви овозможува одделена, но правилна исхрана, што означува дека често има од се, но по малку. Ако почувствувате глад- рецептот е едноставено- јадете.

Производите на списокот подолу може да ги јадете во кое количество сакате, но треба да бидете свесни дека сепак не треба да се претерува. Препорачливо е да се консумираат 1200 калории, а доколку вежбате или имате активен живот, тогаш калорискиот внес треба да изнесува 1600 калории.

Храна за протеински ден

  • Посно месо и риба
  • Јајца
  • Морски плодови
  • Кисело млеко
  • Млеко

Храна за јаглехидратен ден

  • Сите видови на зеленчуци и овошје, со исклучок на банани, грозје и компири.
  • Зеленчукови салати
  • Зеленчукови супи
  • Свежи сокови

Првиот ден е подобро да се консумираат протеини.

Пример мени за протеински ден

Појадок: Две варени јајца или омлет, парче сирење или кисело млеко.

Ручек: Печено или варено пилешко/говедско месо или риба, неколку парчиња сирење, чаша чај и млеко.

Вечера: Две парчиња сирење, чаша кисело млеко. Во главно, треба да се чувствувате заситени.

Пример мени за јаглехидратен ден

Појадок: Овошна салата. Може да консумирате и неколку лажици овесни снегулки без млеко.

Ручек: Зеленчукова супа и подоцна свеж зеленчуков сок.

Вечера: Тиквички или салата од свежи краставици, во комбинација со малку растително масло.

За кратко време, резултатите ќе бидат видливи, без ниту еден ден да гладувате.