Интернет корисник потпишан како Хираги Сенсеи на својот Твитер профил ја сподели неговата неверојатна физичка трансформација, а за тоа доби над 180.000 допаѓања.

Јапонецот првично имал заоблен стомак и воопшто не бил мускулест. Но, пред 5 месеци тој решил посериозно да се погрижи за неговото тело, при што остварил неверојатни резултати.

Тој својата целосна и детална трансформација ја објави на својот Твитер профил, покажувајќи ја својата постепена промена.

Наместо долги часови во теретана, Хираги всушност го практикувал специјалниот метод наречен „табат“, именуван по јапонскиот лекар Изуми Табата.

Методот се состои во практикување на вежбата во времетраење од 20 секунди, притоа потребно е да ја вложите целата ваша енергија, а потоа одмарате 10 секунди. Еден циклус трае 4 минути.

Така практикувајќи ја оваа кратка вежба, Хираги успеал да ослабне 13 килограми, од 72 на 59 килограми и успешно изгубил 18.2% од масните наслаги.

Приказната на Хираги воодушеви милион луѓе ширум светот, а воедно и ги инспирираше истите и тие да започнат да се грижат за сопственото тело и здравје.

Хираги дури на Јутјуб каналот постави видео со целосните детали од вежбата: