Единствената желба на секој градинар и земјоделец да одгледа квалитетни производи, со кои ќе може да се храни долго време.

Поради мерките на претпазливост и сакајќи да бидат што повнимателни со нивните растенија, повеќето купуваат многу отрови, а со тоа прават и голема грешка.

Хемикалиите со нивниот состав можеби помагаат во отстранувањето на штетниците, но со тоа ги убиваат и дел од вистинските хранливи вредности на растенијата.

Затоа тука е генијалното алтернативно решение како да ја заштитите својата градина, без да употребувате хемикалии. Станува збор за употребување на најпопуларната домашна состојка, која сите ние ја имаме во домот- Сода бикарбона.

Содата може лесно да ја најдете во било која продавница, а нејзините придобивки се бројни, што ја прави состојка број 1- решение за секој проблем.

Да започнеме со гројзето. Во овие региони, грижата за него е доста едноставна, но постои штетна појава која често го напаѓа, а тоа е мувлата. За решавање на овој проблем, ќе ви помогне содата. Растворете 75 грама сода во 10 литри вода и напрскајте. Растението ќе го заштитие и освежите, а за возврат ќе добиете богати плодови.

Со истата смеса можете да ги напрскате и овошните дрвја, за да ги заштитите од гасениците.

За заштита на грмушките во вашиот двор, ќе ви бидат потребна следната смеса: Измешајте 1 лажица сода, 1 лажица аспирин, 1 лажица течен сапун, 1 супена лажица растиелно масло и 4.5 литри вода

Исто и за краставиците, на помош доаѓа содата. Ако, додека се млади краставиците, нивните лисја пожолтеат, тоа не е знак дека растат, туку дека ги зафатила болест. Измешајте 1 супена лажица сода со 10 литри вода и напрскајте ги краставиците.

Доколку забележите дека листовите на вашите зеленчуци се нападнати од гасеници, тогаш на нивната површина нанесете сода во сува форма.

На овие неколку начини, користејќи ја најупотребуваната домашна состојка, вие ќе ја заштитите и обновите вашата градина.