Вирпи Миконен е истакната блогерка по кулинарство од Финска, со 164.500 следачи зад себе и воедно е шампион во консумирање растителна храна, за која сега има сосема поинакво мислење.

Своевремено, Вирпи верувала дека се храни најздраво од ситe: Безглутенска, незрнеста, безмлечна и храна без месо и без преработени шеќери е она што таа го консумирала. Што е уште поинтересно, врз основа на веганскиот животен стил, изгради кариера, разви блог кој ги поттикна и останатите да се придружат на веганството.

Но, растителната приказна не траела долго, бидејќи на почетокот од оваа година Вирпи била алармирана од осипот кој се појавил на нејзиното лице. Но, здравствената состојба не застанала тука.

Набрзо Вирпи се соочила со грип кој едвај го надминала, екстремно кршливи нокти и што најмногу од се било загрижувачко, е тоа што нејзините менструалните циклуси престанале.

Откако била извршена проверка на крвта, било утврдено дека фоликулните-стимулирачки хормони во крвта на Вирпи отскокнале на неверојатно високо ниво, кое го имаат само жените кои се во менопауза, а таа имала само 35 години.

„Си помислив, што не е во ред со мене? Вежбам, се хранам здраво. Бев премногу уплашена“- вели Вирпи.

Нејзината успешна кариера се должи на 4 напишани кулинарски книги кои по објавувањето, веднаше станаа хит, а книги во кои Вирпи пронајде „здрава“ алтернатива на сладоледот, пицата и тортите.

Токму ваквите алтернативи и веганството кои навидум биле чиста верзија на правилната исхрана и сосема здрави, се докажало дека биле главен виновник за нарушеното здравје на истакнатата блогерка.

Откако било откриена причината за лошата здравствена состојба, по консултација со нутриционист, на Вирпи и било препорачано да започне со консумирање на месни прозводи.

Блогерката немала јадено месо цели 15 години и признава дека се чувствувала шокирано. Но, откако се откажала од веганството, таа се чувствува многу подобро.

„Се чувствував како сосема да снемав енергија и не можев да функционирам. Ефектите и резултатите беа драматични, но чувството е прекрасно. Бев празна, а сега сум исполнета и енергична. Дури и моите менструални циклуси се вратија и се е во најдобар ред“- објаснува Вирпи.

Таа покрај месо, започнала да консумира и јајца, а сега омилена и е зеленчукова супа со месо.