Судбината понекогаш знае да си поигра со луѓето на неверојатен начин. Доказ за ова е токму и приказната на 57-годишниот Ричард Парсел од Англија. Мажот долго време ја подготвувал свадбата заедно со неговата поубава половина. Тој веќе е пензиониран, а претходно работел како работник во склад.

Ричард има 2 возрасни деца, а неговата сопруга има 11-годишен син од претходниот брак. Двајцата се запознале пред неколку години, веднаш се вљубиле и решија сега да ја крунисаат нивната љубов со брак. Парот одлучи да каже „ДА“ во кругот само на најблиските, поради прописите заради пандемијата.

„Мислев дека нашиот свадбен ден беше неверојатно волшебен, но немав ниту идеја колку многу. По церемонијата, пред да седнеме на маса и да уживаме во вкусната храна, сосема случајно се досетив да го проверам мојот телефон. Откако погледнав на екранот, неколку минути не реагирав, бидејќи не знаев што да направам! Тоа беше огромно изненадување!“ – раскажува младоженецот.

Неколку недели пред свадбата, Ричард уплатил спортско ливче на 1600 денари, а потоа возбуден поради свадбата, заборавил да ги провери резултатите. На негово огромно изненадување, Ричард имал добитно ливче и притоа освоил неверојатни 700.000 денари.

Тој открива дека веднаш побрзал да ја сподели радосната вест со неговата сопруга, која исто така не знаела од среќа како да реагира.

„Таа изгледа повеќе се израдува на добивката отколку на свадбата“ – се пошегува Ричард. Тој додава дека благодарение на убавата добивка тој и сопругата си овозможиле вистински и прекрасен меден месец, а сега и се финансиски постабилни.