Денес ви претставуваме неверојатно вкусен рецепт кој е совршен избор за вечера, а се смета за  варијанта меѓу палачинки и ќофтиња. Вкусната вечера се приготвува многу лесно, а е полн погодок да ги изненадите вашите најблиски.

Вкусни пилешки ќофтиња

Потребни состојки

  • 500 гр пилешко филе
  • 3 глави кромид
  • 2 јајца
  • 5 супени лажици мајонез
  • 5 супени лажици нишесте
  • Половина кафена лажица шеќер
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
  • Сончогледово масло по ваш вкус

Начин на подготовка

Исплакнете го пилешкото месо, исушете го со негово поставување на хартиена крпа, а потоа исечете го на ситни коцки. Сомелете го кромидот во блендер.

Измешајте го кромидот и месото, а потоа додадете ги и јајцата, мајонезот, нишестето, зачините и шеќерот.

Добро измешајте ги сите состојки заедно и така оставете ги да отстојат 20-30 минути.

Загрејте масло во тава и испржете ја смесата на вообичаениот начин како што ги пржите класичните ќофтиња, до нивно добивање на златно- кафеава боја. Готовите ќофтиња поставете ги во тава, додадете малку вода и оставете ги да се готват дополнителни 8-10 минути на слаб оган, под капак.

Пријатен апетит!