Вашето лицето може да открие многу за вашето здравје и за вашиот начин на живот. Според традиционалната источна медицина, тоа е огледало на нашата здравствена состојба.

Навистина од голема важност е да знаеме што се случува внатре со нас и дали лицето се обидува да ни испрати некаков сигнал за одреден здравствен проблем.

1. Слабо и испиено лице

Слабото и испиено лице може да биде индикатор дека најверојатно претерувате со вежбање и диети. Кога вежбате прекумерено, тогаш ја попречувате кожата на лицето да го добие неопходното количество на кислород, а тоа најмногу влије врз јаболчиците. Направете сопствен план за вежбање и придржувајте се кон здравиот начин на живот во умерени граници, така што вашето лице секогаш ќе изгледа свежо и здраво.

2. Отечено лице

Доколку забележите дека вашето лице е отечено, тоа значи дека можеби треба да излегувате повеќе надвор или да го намалите нивото на стрес, како и внесот на алкохол. Овие 3 фактори значително влијаат врз производството на колаген, што ја прави кожата да изгледа опуштено и безживотно. За да вашето лице изгледа помазно и помладо, редовно практикувајте физичка активност и намалете го консумирањето на алкохолни напитоци.

3. Брчки

Доколку сте човек кој обожава да поминува многу време на Сонце, тогаш потребно е да знаете дека изложувањето на ултравиолетови зраци е една од основните причини за раната појава на брчки. Поради фактот дека кожата околу очите е потенка и поделикатна, таа лесно може да се оштети од сончевите зраци. Заштитете го вашето лице пред секое излегување, со соодветни креми со заштитен фактор.

4. Сува кожа

Лошата и неправилна исхрана може да биде основната причина поради која кожата на вашето лице е сува и чувствителна. Недостатокот од хранливи материи доведува до недостаток од важни витамини и минерали, кои се одговорни за еластичноста на кожата. Имајте во предвид дека кремите против стареење ќе бидат бескорисни, доколју најпрво не се погрижите за вашата кожа одвнатре. Обидете се да консумирате повеќе овошје и зеленчук во различни бои и наскоро ќе ги забележите посакуваните промени, кои на вашата кожа ќе го дадат потребниот свеж и потхранет изглед.

5. Вцрвенета кожа

Прекумереното консумирање на кафе може да предизвика надразнетост и вцрвенување на кожата. Кофеинот ги дехидратира клетките, што доведува до појава на воспаление и сувост. Исто така, доколку работите преку ноќта, а спиете во текот на денот, може да страдате од недостаток на витамин Д, бидејќи не ја изложувате вашата кожа редовно на сончеви зраци. Ограничете го консумирањето на коефин или заменете го кафето со некој друг вкусен напиток. За да добиете доволно количество на витамин Д, обидете се повеќе да се релаксирате надвор на Сонце, но истовремено не го заборавајте неопходното нанесување на креми со заштитен фактор.

6. Жолта кожа

Доколку забележите дека вашата кожа станала жолта, тогаш најверојатно имате проблем со црниот дроб или страдате од анемија. За таа цел, важно е да се консултирате со специјалист во најскоро време, доколку забележите вакви промени во бојата на вашата кожа.

7. Бледа кожа

Доколку вашето лице станало побледо од вообичаено, тоа е знак на недотаток од железо. Обидете се да го зголемите консумирањето на храна богата со овој елемент, како што се месото и бобовите растенија. Не го заборавајте и внесот на витамин Ц, кој го олеснува процесот на апсорпција на железото.

8. Темни кругови под очите

Доколку страдате од несоница или практикувате нездрав начин на исхрана, за вас ќе стане уште потешко да се изборите со темните кругови под очите. Тутунот и консумирањето на алкохол исто така имаат негативно влијание кое придонесува до оваа состојба. Неопходно е ја добиете потребната доза на 8-часовен квалитетен сон и да се ослободите од вашите лоши навики. Физичката активност и здравата и балансирана исхрана може да направат чуда за вашата изморена кожа.

9. Акни

Доколку вашето дневно мени е презаситено од шеќери и масти, тогаш тоа може да биде причината за појавата на акни на вашето лице. Понекогаш за ова виновни може да бидат и хормонските промени. Без разлика каква е причината, секогаш одржувајте го вашето лице да биде чисто и хидратирано и прочистувајте ја редовно кожата одвнатре, со консумирањето на здрава храна.

10. Линии на насмевката и брчки околу устата

Доколку имате длабоки брчки околу устата, тогаш вие очигледно обожавате да се смеете доста често. Иако смеењето е добро за здравјето, потребно е да знаете дека исто така овие брчки сигнализираат на недостаток од витамин Б. Испуканите усти вообичаено се индикатор за недостаток на витамин Ц. Овој проблем може да го решите преку правилен избор на исхрана богата со зелени зеленчуци и портокали.